Сестрите Илина и Јована Николовски, заедно со оперскиот пејач Кристијан Антовски, снимија видео запис за песната „Љубов“ , која носи многу топла порака. 

Oва е нивна десетта песна, а ја пеат и химната на нивното училиште ООУ „Невена Георгиева - Дуња“, каде Илина е во четврто одделение, додека Јована второ. Тие две напоредно го посетуваат и нижото музичко училиште „Илија Николовски Луј“, каде Илина е трето, а Јована прво одделение. 

Автор на текстовите за песнички кои ги пејат Илина и Јована е нивната мајка Кристина, а додека музиката, аранжманот и продукцијата се дело на нивниот татко Сашо, кој подолго време се занимава со музика и компонирање. Покрај музиката Илина и Јована ја сакаат и глумата, за што три години посетуваат часови во драмско студио.

 Видето записот можете да го погледнете на нашиот сајт. 

Најново на форумот

  • No posts to display.