Холивудската sвезда Киjану Ривс, познат по тоа што ја крие својата приватност, конечно реши да ја сподели својата љубовна среќа со обожавателите.

Имено на еден гала настан 55 годишниот катер се појави со својата девојка, Александра Грант, држејќи се за рака. Тоа веднаш го привлече вниманието на медиумите кои забележаа дека актерот досега, во 35 годишната кариера, никогаш на црвениот тепих не се појавил со девојка.
Киану Ривс и Александра Грант се познаваат долго време, а во 2017 година ја основаа издавачката куќа „X Artists Books“.
Убаво беше да се види ѕвездата на „Матрикс“, среќен и вљубен, ако се има предвид неговиот приватен живот кој досега беше исполнет само со трагедии.
Во 1999 годинa, љубовта на неговиот живот Џенифер Сајмон забремени со ќерка, која беше мртвородена. Тие набрзо се разделија, а по 18 месеци Џенифер загина во сообраќајна несреќа.