Сликата на малиот Арчи кој е прв пат со родителите на официјално патување, го обиколи светот. Меган Маркл и принцот Хари веќе се во војна со медиумите, особено реагираа бурно за објавување фотографии од бебето. Па така крштевката на Арчи помина во голема тајност, а слики од детето објавуваа многу ретко и тоа избрани дискретни кадри.


Но посетата на Африка минатиот месец беше можност Арчи Харисон Маунтбатен- Виндзор да се појави неговата прва фотографија од разни агли и тоа медиумите максимално го искористија.

Шокантната сличност на Хари со синот ги изненади сите. Посебно е впечатлива сличноста на фотографијата на која Меган, односно Лејди Ди ги држат своите бебиња во скут. Иако едната фотографија е црно - бела а другата во боја, не може да не се забележи дека бебињата си личат како јајце на јајце.