Откако пред некој ден популарната актерка го отвори Инстаграм профилот и ја постираше првата фотографија заедно со колегите од серијата „Пријатели“, направи вистински хаос и за за пет часа имаше над еден милион следбеници, со што го сруши рекордот кој претходно го поставија принцот Хари и Меган Маркл со нивниот заеднички профил на оваа социјална мрежа.

 

И додека едни воодушевено ја поздравуваа среќни што кончено ја гледаат на оваа социјална мрежа, други веднаш забележаа еден „непријатен детаљ“. 

Имено на телефонот во позадина има некаква бела сенка, што некои коментираа дека е дрога, додека други ја бранеа Џенифер коментирајќи дека е само некаков отсјај.
Џенифер не им остана должна на злобниците и сними кусо видео во кое го „крши“ мобилниот телефон и под него напиша:
„Се колнам не сакав да го скршам. Ви благодарам дечки на топлото „сјајно“ добредојде“

Со овој пост таа ги воодушеви следбениците, меѓу кои и многу свои колеги кои ја поздравија за неверојатната досетливост.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО  ТУКА