Ѕвездата од „Големи мали лаги“, Зои Кравиц, заедно со Роберт Патисон (познат по улогата во „Самрак“) ќе ги играат главните улоги во новиот филм за „Бетмен“. 

Имено на Роберт доверена му е насловната улога, додека Зои ќе ја видиме во улогата на Жената-мачка. Оваа улога пред Зои ја играа Ен Хатавеј, Хали Бери и Мишел Фајфер. Но за Зои не е прв пат да ја глуми Жената-мачка, односно таа во анимираниот филм „Лего Бетмен“ ѝ го позајми гласот на оваа негативка. Продукцијата на филмот започнува во јануари 2020 гдина во Лондон. Сценариото е на Матсон Томлин заедно со режисерот Мет Ривс, а премиерата е закажана за јуни 2021 година.

Најново на форумот