Веста за нов престолонаследник беше објавена вчера, на првата вечер од кралската турнеја во Австралија, Фиџи и Тонга. 

Кенсингтонската палата новоста ја објави преку социјалните мрежи твитер и инстаграм, откривајќи дека бебето се очекува да се роди напролет следната година. Ова секако е прекрасно заокружување на годината полна со изненадувања кои ги приредија Хари и Меган. Лани ова време ја објавија свршувачката, а по неколку месеци подготовки, во мај годинава се венчаа. Иако од тогаш често им беше поставувано прашањето околу плановите за проширување на семејството, т ие без да навлегуваат во детали само изјавуваа дека многу ги сакаат децата.

Инаку бебето откако ќе се роди ќе биде седмо во редот за наследник (наследничка) на престолот после принцот Чарлс, принцот Вилијам, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, принцот Луис и принцот Хари.

Најново на форумот

  • No posts to display.