Aзбуката на сезнајката Биби од синоќа влезе во домовите на детска публика преку нејзиниот јутјуб-канал Биби/Bibi. Секоја буква е своја приказна и токму преку примерите на Биби децата ќе го откријат нејзиниот свет.

Целта на овој забавен лик е децата да научат многу нови работи додека се забавуваат, бидејќи низ игра најлесно се учи. Од сите работи кои палавата Биби ги сака и ги прави ќе бидат создадени и следните содржини, а на 21 октомвори во 19 часот веќе ќе можат децата да ја проследат првата сказна на Биби „Биби и животните“. Во тек е подготовката и на сликовницата за Биби, која наскоро ќе биде промовирана.

Зад „Светот на Биби“ стои тимот на порталите Факултети.мк и Деца.мк, засилен со креативците – илустраторот Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, писателката Билјана Црвенковска, режисерот Гоце Цветановски и актерката Слаѓана Вујошевиќ.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.