Британскиот хитмејкер се соочува со тужба од 100 милиони долари за крадење делови од песната  Let’s Get In On од Марвин Геј, за неговиот хит Thinking Out Loud. Според тужбата поднесена во суд во Њујорк, победникот во повеќе греми категории за 2014 година, ги има копирано мелодијата, ритамот, хармониите, тапаните, бас линијата, придружните вокали, темпото и уште неколку елементи од класик песната на Геј од 1973 година.


Tужбата ја покрена компанијата САС која има удел во авторските права на песната од Марвин Геј, откако ги откупи од семејството на Ед Таунсенд, ко-автор на спорната песна, по неговата смрт.
Шеран во 2016 година исто така беше тужен од семејството на Таунсенд за тоа дека украл музички елементи за неговата песна Thinking Out Loud.
Ова е петта тужба за крадење песна против хитмејкерот Шеран. Лани беше обвинет дека има големи сличности меѓу неговиот хит Shape of You и песната No Scrubs од ТиЕлСи од 1999 година. Во 2016 година Мартин Харингтон и Томас Леонард, авторите на Amazing која во 2012 ја пееше Мет Кредл, го тужеа за 20милиони долари поради наводна сличност со неговата  Photograph.  А пред некое време Шеран доби тужба и за хитот The Rest Of Our Life која ја напиша заедно со Тим Мегро и Фејт Хил. Тужбата беше од Шон Кери и Бо Голден кои тврдеа дека е „сурова копија “ на нивната  When I Found You од 2014 година.
Инаку на почетокот од годинава семејството на Марвин Геј доби 5.3 милиони долари откако судот пресуди во нивна корист во тужбата против Робин Тики и Фарел Вилијамс дека илегално копирале делови од  Got to Give it Up за Blured Lines хит во 2013 година.

Најново на форумот

  • No posts to display.