Холивудската актерка конечно се огласи во врска со озборувањата за наводна врска со холивудскиот заводник Бред Пит, кои се појавија баш во периодот кога тој се разведуваше од Анџелина Џоли.

Во интервјуто дадено за американскиот интернет портал Е!News, таа изјави дека тоа била најлудата афера која се слушнала во Холивуд, бидејќи со наводниот љубовник се немаат видено со години. 
- Навистина ми беше смешно кога ги слушнав озборувањата, ама истовремено и ми беше интересно. Следно очеквував да се чуе дека имаме и заеднички деца - низ смеа зборувала Кејт и додала дека е во среќна врска со музичарот Дени Фуџијака. 
На прашање дали тоа значи дека има правило да излегува само со музичариКејт изјавила дека прашањето е смешно бидејќи до врската со Дени, само со уште двајца музичари била во врска ( (со Крис Робинсон беше во брак, а потоа беше свршена со Метју Белами) . 

Најново на форумот

  • No posts to display.