Големата рок ѕвезда Стинг,во рамките на големата светска турнеја „57th & 9th“ по повод истоимениот албум, на 15-ти октомври доаѓа во Скопје. Концертот кој ќе се одржи во арената “Борис Трајковски“  е дел од неговата промотивна светска турнеја која стартуваше во февруари и ги опфаќа сите континенти.

Дел од летото му е резервирано за Европа, на почетокот на септември настапува во Јужна Америка, додека во Европа повторно се враќа со серија на концерти од средината на септември до крајот на октомври.

На оваа турнеја, Стинг исполнува неколку нумери од навистина извонредниот нов албум, како и најголемите хитови од неговата соло кариера: „Fragile“, „Desert Rose“, „Fields of Gold“…, како и од времето на легендарната група The Police: „Message in the bottle“, „Walking on the moon“, „Every breath you take“…

Неговиот придружен состав како и секогаш е со најпознати и најквалитетни светски музичари: Доминик Милер (гитара), Џош Фриз (тапани), Руфус Милер (гитара), а како специјален гостин  со свое шоу пред настапот на Стинг има Џо Самнер.

Сите информации поврзани околу продажбата на влезниците за овој голем настан ќе бидат објавени вечерва 29ти Мај во 20 часот.