За прв пат во Македонија ќе се спроведува програма наречена „Научи правилно да пливаш за 10 часа“, по теркот на популарната светска програма „USA age group swimming“.

Најбрзиот македонски пливач на сите времиња и рекордер Мартин Стефановски, по програма на олимписката пливачка проф. Д-р Наташа Мешковска, организира летна пливачка школа за деца на возраст од 5 до 15 години. Часовите ќе се одржуваат на базенот во Карпош, при Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во деновите понеделник, среда и петок.

Наставните часови започнуваат на 10 јуни (среда), а уписите се веќе во тек. Сите заинтересирани за програмата можат да добијат повеќе информации на телефонските броеви 071/248-750 и 070/315-827.

Како потсетување, Мартин Стефановски стана национален првак во пливање откако во 2012 година го собори 15 години стариот рекорд на Александар Маленко во пливање.