Веселото и дружељубиво зајаче сака да биде во друштво со дечињата и да учи нови работи. Се храни здраво, внимава на своето здравје особено запчињата, а тука е за сите другари на кои им треба помош да имаат здрави заби и убава насмевка.

 

1. Што прави Четко?

- Никогаш не се разделувам од својата огромна четка за заби. Никогаш не заборавам да ги исчеткам своите запчиња пред да си легнам. И среќен сум затоа што моите заби се бели и здрави. Среќен сум затоа што никогаш не сум имал мака со болни заби. Сакам да бидам забавен и интересен во друштво и затоа секој пат на своите другари им покажувам по некоја нова игра. Секоја негова игра е нов чекор на „Патот до здрави заби“, односно нова поука за дечињата како правилно да ја водат грижата за здравјето на нивните заби.

2. Што разговара Четко со своите другари?

- Со своите другарчиња зборувам за сите детски интереси и детски муабети, а најмногу за тоа како да се чуваме здрави. Многу често на своите другари им повторувам дека хигиената на забите е многу важна за нашето здравје. Разговараме за тоа што е здраво, а што не е здраво за јадење. Од што имаме мускули, сила и енергија, а што не само што не дебелее туку и ни ги расипува забите. Ги советувам моите другари да не јадат многу често слатки и да пијат само природни сокови. А тогаш кога ќе каснат чоколатце веднаш потоа да ги измијат запчињата.

3. Која е најважната лекција/ правило/ дефиниција за да се сочуваат здрави запчињата?

- Најважно е уште од мали нозе да се почне со миење на првите запчиња. Веднаш штом се насмее првото запче во устата, детенцето треба да почне со миење. И тоа не како било, туку да ги мие две до три минути и од горе надолу и од долу нагоре. Горните да ги мие како што паѓа дождот, долните како што расте тревата. Запчињата треба да се мијат наутро, по станување, навечер пред легнување, но и по секој изеден оброк.

4. Каде се можеме да го сретнеме Четко и да се дружиме со него?

- Јас сум секогаш расположен за дружење. Може да ме сретнете секаде каде што има дечиња. Најмногу уживам во парковите и игралиштата каде се дружам со дечињата и склопувам нови пријателства.

И на фејсбук може да ме најдете Четко Четковски .

А следната дружба ви ја закажувам на 6ти јуни на Плоштадот Автокоманда- Филип II Македонски.

5. Што најмногу јаде Четко?

- Грицкам многу морковчиња, јадам јаболчиња. Сакам и овошје и зеленчук. Но, како и сите дечиња по некогаш сакам да каснам и сладолед. Но затоа тука е мојата четка па веднаш штом каснам благичко трчам и си ги мијам забите за да ми останат вака здрави, бели и цели.

6. Што има Четко да ни порача на сите нас?

- Секој ден четкај и со здрави заби светкај! Детето е здраво колку што му се здрави забите!

Најново на форумот

  • No posts to display.