Војводата и Војвотката од Кембриџ го избрале името за својата новородена ќерка, но истото ќе го објават јавно откако лично ќе ја информираат кралицата Елизабета.

За ова не постои протокол според кој членовите на монархијата мораат да се консултираат за името на секое новороденче во семејството, а Кралицата не ни го очекува тоа од младите. Сепак Вилијам кој е многу близок со својата баба, особено во последниве години, реши да ја почести на овој начин кога ќе се сретнат во Сандрингам.

Бебенцето кое се роди во 8,34 часот во саботата, по само еден ден замина дома, откако беше претставено на јавноста. Многумина забележаа дека принцезата Кејт изгледаше неверојатно свежо само 10 часа по породувањето, откако ја посети нејзината стилистка Аманда Кук Такер и се погрижи таа да има беспрекорен изглед пред да се појави јавно.

Најново на форумот

  • No posts to display.