Џесика Бил и Џастин Тимберлејк станаа родители на син. Според информациите кои ги објави списанието US Weekly, во сабота 11 април, двојката го дочекала доаѓањето на свет на нивното прво заедничко бебе. И покрај озборувањата, Џесика и Џастин ја криеја бременоста со месеци, а пејачот ја потврди како вистинита со една фотографија на Инстаграм во јануари на својот 34 роденден.
Покрај фотографијата на која тој го бакнува стомакот на Џесика, напиша: „Ви благодарам на СИТЕ за роденденските честитки! Оваа година јас ќе го добијам НАЈДОБРИОТ ПОДАРОК ДОСЕГА. НЕ МОЖАМ ДА ДОЧЕКАМ #МашкоИлиЖенско #НикогашНеСеЗнае #СеОбложуваме.

Синчето ќе се вика Силас Рендал Тимберлејк - првото име е по дедото на Џастин (татко на мајка му) кој починал 2012 година, Рендал е средното име на Џастин и неговиот татко.
Двојката се венчаше во октомври 2012 година во Италија.

Најново на форумот

  • No posts to display.