Поради технички причини, детскиот фестивал Поточиња кој првично беше закажан на 28ми и 29ти март во Универзалната сала, ќе се одржи на 4ти и 5ти април во Македонска опера и балет (МОБ). На сцената на МОБ нè очекува уште една прекрасна музичка приказна, 12-то издание на детскиот фестивал Поточиња. Со многу нови песнички и оваа година Поточиња ќе ја најават пролетта.

 

За забавата да биде комплетна, драмската секција на Поточиња има подготвено прекрасни видео најави за секоја песничка, а сите посетители ги очекуваат многу изненадувања и награди.

 

Овозможете им на Вашите дечиња уште една незаборавна забава. Од Поточиња нагласуваат заинтересираните навреме да ги подгинат своите билети, кои веќе се во продажба на касата на МОБ, каса на Универзална сала, Југотон, Камарад Рамстор и цвеќара Розе Веро 2.

 

Претставите се во следните термини: 04.04.2015 (сабота) од 11:00, 13:00 и 19:00 часот и 05.04.2015 (недела) од 11:00, 13:00 и 19:00 часот. Сите веќе купени билети за претходните термини ќе можат да се заменат на продажното место од каде што биле набавени. Цената на билетот изнесува 150 денари.

Најново на форумот

  • No posts to display.