На 28 и 29 март 2015 година нè очекува уште една прекрасна музичка приказна на сцената на Универзалната сала. По 12-ти пат ќе се одржи детскиот фестивал Поточиња.

Со многу нови песнички и оваа година Поточиња ќе ја најават пролетта. За забавата да биде комплетна, драмската секција на Поточиња има подготвено прекрасни видео најави за секоја песничка, а сите посетители ги очекуваат и многу изненадувања и награди.

 

 

Овозможете им на Вашите дечиња уште една незаборавна забава и навреме набавете билети, кои веќе се во продажба на касата на Универзална сала, Југотон, Камарад Рамстор и цвеќара Розе Веро 2. Претставите се во следнивте термини: 28.03.2015 (сабота) од 11:00 и 19:00 часот и 29.03.2015 (недела) од 11:00 и 13:00 часот. Цената на билетот изнесува 150 денари.