Утре во британскиот главен град ќе се одржи изборот за Мис на светот, на кој ќе продефилираат 121 учеснички. Најголема фаворитка е мисот од Јужна Африка, Ролен Штраус. Уште една фаворитка е и србинката, Милица Вуклиш. Досега со најмногу освоени титули е Венецела, вкупно шест, а на втор место се Индија и Велика Британија, кои имаат по пет освоени титули.

Сепак годинешниот натпревар ќе биде во сенка на трагичниот настан од минатиот месец, во кој беше убиена Марија Хозе Алварадо, Мис на Хондурас.

Годинава Македонија остана без своја претставничка, откако Лидија Велковска, која ја има лиценцата за изборот, во последен миг се откажа поради финансиски проблеми, по што следеа неколку скандали.

Најново на форумот

  • No posts to display.