Популарната пејачка Ријана го лансираше новиот парфем за мажи "Палавко", кој е нејзин прв парфем за мажи.

- И мажите трчаат по цел ден и работат напорно. А знаете, тие се секси, па затоа треба да мирисаат секси – изјави пејачката која на прашањето кога може публиката да го очекува нејзиниот нов албум кажа дека не е сигурна, но гарантира дека ќе биде многу добар.

- Не можам да ви кажам кога ќе излезе новиот материјал, само знам дека ќе биде одличен. Многу сум возбудена околу тоа,

Единствениот критичар што ја загрижува е самата таа.

- Се обидувам да се победам себеси и секој следен пат да бидам подобра од претходниот. Тоа е многу тешко - призна таа.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.