Прекрасната холивудска актерка Блејк Лајвли го очекува првото бебе со сопругот Рајан Рејнолдс.  

Холивудската актерка тоа го потврди со фотографија од нејзиниот стомак на својата интернет страница. Покрај нејзина фотографија, Блејк објави и низа слики од среќни бремени жени.

Ѕвезда на серијата „Озборувачка“ во 2012 година се омажи со најпосакуваниот холивудски ерген Рајан Рејнолдс, а од тогаш двајцата често истакнуваа дека сакаат многу деца.

- Двајцата доаѓаме од големи семејства, јас имам три браќа и сестри, Блејк четири. Многумина мислат дека тоа е лудо, но мислам дека лесно и среќно ќе поминеме низ тоа искуство -  изјави минатата година Рајан.

Најново на форумот

  • No posts to display.