Авторите на серијата Дејвид Коен и Макс Мачник заедно со "Ен-Би-Си" донираа предмети на Националниот музеј на американска историја.

Колекцијата содржи оригинални делови од сценариото, идеи за кастинг, политички спомен-предмети поврзани со серијата и нејзиното финале. ТВ-мрежата се согласи да донира неколку предмети, меѓу кои шишенце за апчиња и термос, знак од "Фирмата за внатрешно уредување на Грејс Адлер" и врамената диплома од колеџ на Вил Труман.

Коен рече дека интересот на Смитсонијан за серијата која има хомосексуалци како главни ликови, е признание за кое тие никогаш ниту ни сонувале кога серијата почнала да се емитува во 1998 година. "Вил и Грејс" се емитуваше до мај 2006 година и ја раскажа приказната за четворица пријатели хомосексуалци и хетеросексуалци, а главните ликови завршија со други партнери со кои добија деца.

- Токму овие гости кои ги поканувавте во вашите дневни соби случајно беа ваши геј пријател - изјави Коен и додаде:
- Сметам дека луѓето навистина немаа таква прилика претходно и ова послужи, според мене, да ги натера луѓето да признаат дека вашите блиски пријатели се хомосексуалци. Фактот што серијата е дел од музејот на американска историја, кажува дека можеби ние сме биле дел од нешто многу поголемо отколку што мислевме.

Донацијата е дел од поголемите напори за документирање на историјата на хомосексуалците и лезбијките, област која не е добро обработена во музејот. Кураторите собираат материјали од историски објекти од лезбијки, хомосексуалци, бисексуалци и трансексуалци од областа на политиката, спортот и културата, од Аризона до Мериленд. Меѓу донираните предмети се дипломатските пасоши на амбасадорот Дејвид Хојбнер, првиот амбасадор на САД кој јавно призна дека е хомосексуалец и кој беше признат од Сенатот, и на неговиот сопруг; материјали од центарот на геј заедницата во Балтимор и колекции фотографии од Петси Линч и Силвија Рос од нивните активистички активности за правата на хомосексуалците. Од спортската историја, музејот ќе добие тениски рекет од поранешната професионална тенисерка Рене Ричардс која успеа да се избори за пресуда во корист на правата на трансексуалците пред Врховниот суд на Њујорк, откако $ беше забрането да учествува на американското првенство Ју-Ес Опен во 1975 година. Музејот ќе го добие и првото знаме на гордоста на трансексуалците од активист и ветеран на американската морнарица.

- "Вил и Грејс" преку комедија се обиде да ја запознае мејнстрим публиката со геј културата. Серијата беше смела и ги сруши бариерите на ист начин како серијата "Сите во семејството" во 70-тите за прашањата за нетолеранција и толеранција, додаде Бауерс. "Голем е нашиот интерес околу тоа како шоубизнисот може да делува како амортизер за да ги натера луѓето да размислуваат и да ги разбрат предизвиците на животото во Америка - изјави кураторот Двајт Блокер Бауерс.

Авторите на серијата донираа и писмо од непрофитната организација "Фокус на семејството" од 2000 година, во кое тие го искажуваат своето противење за епизодата која се исмева на репаративната терапија за хомосексуалци, заедно со неучтивиот одговор на ова писмо, полн со презир. Музејот сакаше да го документира и тоа. Смитсонијан претходно собираше предмети против правата на лезбијките, хомосексуалците, бисексуалците и трансексуалците, меѓу кои и знаци на протест од баптистичка црква во Вестборо.

Најново на форумот

  • No posts to display.