Од 12 јуни до 2 јули децата ќе имаат несекојдневна можност да се запознаат одблизу со огромните диносауруси кои во минатото пред 250 милиони години ја населувале земјината топка. Истовремено тие ќе имаат можност преку специјално организирани тури со палеонтолози, разгледување на експонатите, гледање документарни филмови и специјално организираните експедиции за откривање фосилни остатоци да научат повеќе за овие интересни суштества. При тоа тие ќе носат специјална униформа, заштитна опрема и алатки за ископување.

Настанот под наслов „Кидс Дино Диг” ќе се случува во Ситимол, Скопје од 10-22 часот. Организираните тури со водич ќе се одржуваат на секој час. Комплетната тура и ископувањата се бесплатни. Децата кои ќе учествуваат во активностите треба да се на возраст од 5- 12 години.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="priority" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="slimbox"}2014/06/dinosaurusi{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.