По повод 5-ти jуни, Светскиот ден на животната средина, во Скопје ќе се одржи Trash Fashion Macedonia 2014, натпревар на модни креации изработени од редизајнирани материјали од отпад. Креациите се дело на тимови од 46 средни училишта од Македонија.

 

Целта на овој настан е подигнување на општествената свест за зачувување на природата и намалување на отпадот преку негова ре-употреба.

Оваа година тимовите за изработка на своите модели, собраа преку 1000 килограми различни видови отпад, односно, реупотребени се околу 2500 капачиња, 500 најлонски кеси, 30 килограми стара хартија, стар електронски отпад и др.

За овој настан, кој ќе се одржи во МКЦ Скопје на 5јуни од 18 – 20 часот, изработена е писта од стари водоводни цевки, а за целосно уживање ќе има роботизирани аудио-визуелни ефекти.

Годинава награди за прво, второ и трето место ќе додели петчленото жири во состав: Франк Видеркер, регионален советник во Амбасадата на Швајцарија, Александра Младеновска-Костиќ, директор на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”, Росица Мршиќ - моден креатор, Тони Зен и Цаци Паковска - стилист.

Во рамки на Trash Fashion Macedonia 2014 ќе се одржи работилница за редизајнирање на јт стари парчиња облека и модни додатоци а ќе има и street style фотосесија во која учениците ќе ги носат моделите имплементирани во нивниот имиџ, организирани од модниот сајт Stylist.mk.

Trash Fashion Macedonia 2014 е во организација на „Здружението на граѓани ОХО,“ и e дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем,“ која се реализира во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за образование и наука на Република Македонија.

Најново на форумот

  • No posts to display.