Оваа година се очекуваат продолженијата од неколку блокбастери меѓу кои „Hunger games“ и „Хобитот“, чии втори продолженија во 2013 заработија над 10 милијарди долари.

 

Продолжението на кое се чекаше шест години е за филмот „300“, а исто така се очекуват и филмовите со супер јунаците. Освен „Капетан Америка“ и „Спајдермен“, годинава во кината треба да пристигне и новото продолжение од „Трансформери“ додека најмалите ќе се израдуваат со вториот дел од анимираниот филм „Како да тренираш змеј“.