Британскиот актер Орландо Блум и австралиската манекенка Миранда Кер се разведоа по тригодишен брак, соопшти нивниот портпарол.

Блум (36) кој глуми во модерната верзија на "Ромео и Јулија" на Бродвеј и Кер (30) соопштија дека нивната разделба почнала пред неколку месеци и се одвива пријателски. Тие се запознаа во 2007 година, а се венчаа во јули 2010 година. Во бракот им се роди синот Флин (2).

 

"По шест години заеднички живот, тие неодамна одлучија да ја формализираа разделбата", се наведува во соопштението испратено до јавноста. со ова им беше ставен крај на шпекулациите, кои кружат цела година - ѕвездата од холивудскиот филмски хит "Господар на прстените" и една од најплатените манкенки, се разведуваат.

Двојката се нема појавено заедно во јавност од деби настапот на Блум на Бродвеј, на 19 септември, во "Ромео и Јулија" покрај актерката Кондола Рашад.