Скопскиот саем и годинава ќе биде домаќин на Саемот за жена – единствениот лајфстајл настан целосно посветен на современите жени.

Настанот ќе трае од 25 до 27октомври и ќе понуди богатата забавна и едукативна програма, модни настани, големи број изложувачи и интерактивни штандови. За посетителите сите три дена, учесниците на Саемот ќе понудат посебни промоции и попусти, што е одлична можност да се разгалите себеси или да ги изненадите најблиските со интересен подарок.

Новитет годинава е партнерството со „Допирот на Париз“ , најголемиот конгрес и саем за професионална козметика, нега на коса, естетика и здравје на Балканот, кои ќе ги презентираат своите производи и услуги за да ги запознаат посетителите со новитетите во индустријата за убавина во целиот регион.

Дел од програмата е хуманитарниот моден настан Creative Support, на кој најновите модели на македонските хумани дизајнери прво ќе бидат изложени на модна ревија, а потоа ќе бидат понудени на аукција. Собраните средства од аукцијата ќе бидат наменети за купување перики за жените оперирани од рак на дојка.

Програмата и годинава ќе изобилува со предавања на разни теми во интерес на современата жена, презентации на нови производи, фризерско шоу на најдобриот фризер на Балканот – Влада Вергаш, шминкање во живо со Владо Георгиев, час по глума за најмалите и уште многу други интересни содржини. Воедно ќе можете да ја проследите и изложбата на фотографии на Фросина Илиевска насловена “Taa e…” - женски портрети. Од забавните настани го издвојуваме ток-шоуто во живо со Весна – Бејби Петрушевска со интересни лица од јавниот живот како нејзини гости.

Ова е дефинитивно дестинацијата за зближување, информација, инспирација, забава и искуство со најсаканите брендови и личности од Македонија и регионот.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="priority" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="slimbox"}2013/10/saem{/AG}