Холивудската убавица Меган Фокс го очекува второто бебе со сопругот Брајан Остин Грин, по помалку од една година откако го роди првиот син.

 

- Да, тоа е точно. Двајцата се многу среќни поради тоа -изјави една пријателка на брачната двојка.

Десетмесечниот Ноа Шенон е прво дете на познатата двојка, но второ на 40-годишниот Брајан, кој веќе го има 11-годишниот син Касиус Лија од првиот брак.

Меган и Брајан од 2010 година се во брак, а претходно беа шест години во врска.