Со спотот за „Само сакам да“, Тамара Тодевска го најавува нејзиниот следен албум, а веќе во сабота, 6-ти јули, во летната дискотека „Колосеум, ќе ја потсети публиката на нејзините најголеми хитови, како и сите нови музички проекти.

Со брз и остар ритам, новата нумера „Само сакам да“ е дело на композиторот и продуцент Бертан Аслани, додека пак за текстот на новата песна се потпиша познатиот рапер Тони Зен.

Како и за „Залудно е“, ексклузивката на „Горила продукција“ за новиот спот повторно соработуваше со режисерот Владимир Дади Илиевски.

Во спотот, кој се снимаше во салата на „Сити хол“, најмногу внимание е посветено на квалитетната и врвна фотографија и во него преку интересните костими на Ивана Књез и Мила Кадриу, како и шминката на Арменд Рамадани, се изразува уште една дива и ексцентрична страна на Тамара.

На големиот солистички концерт кој како специјални гости ќе се појават нејзините долгогодишни пријатели и соработници: Тони Зен, Влатко Илиевски и Роберт Билбилов.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.