Ако беше можна венчавка во Јурасик парк, сигурно вака некако ќе изгледаше. Во понеделникот фотографот Квин Милер, од американската сојузна држава Луизијана, ја постираше на својата бизнис фејсбук страница фотографијата од свадбата на брачната двојка Лоудер со коментар „Малку беше лудо синоќа на венчавката од Лоудерови“.

Имено, знаејќи дека младоженецот, негов добар другар, обожава диносауруси, тој користејќи го фотошоп во една од сликите додал голем тирекс диносаурус. Воедно, за да биде сликата автентична, при фотографирањето ги натерал младенците со деверушите и кумовите да трчаат кон фотоапаратот и да глумат дека се во паника.

Резултатот е фотографија која ги воодушеви сите.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.