Американската актерка Хали Бери е бремена со второ дете, кое e прво од нејзиниот вереник Оливие Мартинез. Тие двајца минатата година во март ја објавија свршувачката, а сега според нивни пријатели, го очекуваат првото заедничко дете - син кој треба да се роди за 6 месеци.

Хали Бери ја има ќерката Нала (3) од поранешниот партнер, канадскиот модел Габриел Обри. По долгата и проблематична борба за старателство, двајцата поранешни партнери конечно се договорија во ноември минатата година.