Светскиот ден на здравјето 7–ми април, ќе биде одбележан со акција за поттикнување и едукација на децата од градинките и основните училишта за важноста на здравата исхрана. Под мотото „Талент прав мора да биде здрав“, учесниците низ игра и натпревар ќе се едуцираат за здравите прехранбени навики, а најдобрите ќе добијат пакет здраво изненадување од „Виталиа“. Забавата ќе се одвива во добро познатиот клуб на „Сезнајковци“ во трговскиот центар „Рамстор„ со почеток од 12 часот.

„Верувале или не, нутритивните потреби на децата не се измениле во последните 20 години. Но, светот во кој живеат децата дефинитивно се измени. Здравата исхрана на децата денес е сосема ново искуство и предизвик. Затоа ја покренавме акцијата со цел децата да се едуцираат, а родителите да ги обноват знаењата околу исхраната на децата, за да ги подготват за здрав живот во 21-от век. “ – велат од двете компании.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.