Младите креативци од градинките и основните училишта од околината на Скопје потпирајќи се на својата детска фантазија и умешност изработија иновативни и интересни маски од рециклирани материјали (хартија, пластика, најлон...). За нивните оригинални дела беа искористени амбалажи од сокови, млека, кутии за колачи, празни шишиња, лименки, картонски кутии и др.

„Одбележувајќи го најкреативниот ден во годината, ние во исто време успеавме да ја разбудиме креативноста и имагинацијата кај дечињата од градинките и основните училишта од Скопје. Нашиот трговски центар, преку Детското катче „Сезнајковци“ на овој ден, во соработка со „Пакомак“ организираше маскенбал чии маски за прв пат во Македонија беа направени од рециклирани материјали. На тој начин успеавме да ги поттикнеме најмладите да создадат рачно изработени оригинални дела преку кои успеаја да испратат едукативни пораки поврзани со заштита на животната средина во која живеат. Токму поради успешната реализација на овој проект, планираме во иднина овој настан да прерасне во традиција “, – изјави Елида Трајковска, координатор на проектот во трговскиот центар „Рамстор“.

„Со огромно задоволство ја прифативме поканата да го поддржиме и потпомогнеме овој настан, затоа што во програмата на активностите на нашата компанија, вклучени се и најразлични акции чија цел е да се инволвираат децата во нивната реализација и да ги научат придобивките од рециклирањето. Преку овој настан, кој се одржува симболично на Денот на шегата докажавме дека зачувувањето на животната средина преку рециклирањето, истовремено може да биде креативно и забавно хоби. Секако, тоа не е ограничено само на најмладите“- дечињата денес во Рамстор послужија како одличен пример и за возрасните“- изјави Ико Брдароски од Пакомак.

Настанот предизвика позитивни реакции кај сите посетители на Трговскиот центар „Рамстор“, кои беа пријатно изненадени од иницијативата, како и од бујната детска фантазија при креирањето на своите маски. На крајот од маскенбалот, стручната жири комисија составена од претставник од Рамстор, Пакомак и ликовен педагог ги прогласи најоригиналните и најиновативни еко маски кои беа наградени со велосипеди, ролерки и скирол.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="0" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2013/04/maski{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.