Двојките од „Танц со ѕвездите“ својот талент и вештините кои ги стекнаа овие неколку месеци со учеството во ова шоу, ќе ги покажат на хуманитарниот концерт наменет за собирање средства за лекување на Боро Стајиќ.

Поттикнати од желбата на Јана Стајиќ, сестрата на Боро, танцовите двојки од ова шоу ќе го отворат концертот со танго, танц за кој се надеваат за некое време Боро ќе го игра со сестра си.

- Она што најмалку можам да го направам е да играм, пеам и помогнам за Боро... Од душа ќе играм танго, а играјќи ќе се молам за денот кога истото ќе можам да го направам со Боро... и верувам дека тоа ќе се случи. Знам! - вели Викторија Лоба, една од ѕвездите која со својот партнер ќе игра на овој хуманитарен хепенинг.

Боро Стајиќ е 18 годишен тинејџер кој минатото лето, при скок во вода се здоби со повреда на 4. и 5. р’бетен пршлен. Како последица на повредата има целосна парализа на рацете и нозете (tetraplegia). Неговиот живот доби сосема поинаков тек. Од тогаш, единствена желба му е да оздрави, да ја поврати функцијата на рацете и нозете и да живее достоинствен и исполнет живот. Во борба за исполнување на неговата желба сите негови роднини, пријатели, познаници започнаа секакви хуманитарни акции ширум државата, но она што следи и кое ќе се случува во Универзална Сала на 03 април е вистински мевлем за душа.

Публиката освен што ќе ужива во пријатната атмосфера надополнета со музиката од Нокаут, Игор Џамбазов, Леб и Сол, Бени и Нон Стоп, има можност да ја покаже својата хуманост.

Цената на влезниците е 500 МКД, а истите може да се купуваат веќе од 15.03.2013 год. во сите продажни места на www.kupikartizase.com, Југотон, Нико Фон, Моби Клуб Плус, Цвеќара Розе Веро 2, Спортски центар Борис Трајковски, ТНТ ИТ Маркет, kupikarti.com City Mall и на билетарата на Универзална сала.

За оние кои не се во можност да танцуваат со двојките од шоуто „Танц со ѕвездите“, за оние кои не се во можност да ги слушаат неповторливите состави, за оние кои сочувствуваат...

 

Денарска сметка:

Сметка: 210-700000600857

Назив: Луиза Стајиќ за лекување на дете Боро Стајиќ

Банка: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, ул. Водњанска бр.1, Скопје

 

Девизна сметка :

IBAN Code: MK07210501594890345

Name of account owner: Zoran Stajikj

Bank name: NLB Tutunska Banka A.D. Skopje , Vodnjanska br.1 Skopje

SWIFT : TUTUNMK22

 

ТЕЛЕФОНСКИ ЛИНИИ на кои можете да донирате 100 ден/повик:

070/143-112

075/143-171

077/143-402

Најново на форумот

  • No posts to display.