„Кога си среќен“ е насловот на аудио записот составен од препеви на детски народни песнички од англиско говорно подрачје, на македонски јазик испеани од поп пејачката Андријана Јаневска.

Освен интерпретатор таа е и аранжер на песните, за кои текстовите ги уреди Тања Веда, која воедно е и идеолог за проектот. Цедето содржи 15 песнички, наменети најмногу за најмалите од 0 – 4 години, меѓу кои се „Кога си среќен“ , „Дедо Коле, „Пет мали патчиња“, „Динг Донг Ѕвон“, Трепкај, трепкај ѕвездичке“, „Среќен роденден“, „Братот Том“и др.

 

- Иницијативата за овој проект лежи во недостаток на детски песнички на мајчин јазик на пазарот. Всушност, идејата ни ја дадоа дечињата од предучилишна возраст кои во процесот на нивното восприемање на светот, постојано прашуваат „што пее чичкото во песната“ која во моментот ја слушаат на англиски јазик. А тоа е честа слика во домовите. Родителите знаат како е кога се трудиш да му го доближиш и претставиш светот на своето дете, а тоа сакаш да го сториш на мајчин јазик. Во потрага по песнички, наидовме на песни за деца најмногу на англиски јазик, па решивме да направиме препев на истите. На тој начин ќе им олесниме на дечињата кога ќе ја слушнат мелодијата да ја препознаат песничката и ќе научат да ја пеат на македонски – вели Тања Веда и воедно открива дека со Јаневска работат и на втор компакт диск, но со приспивни песнички.

 

Компакт дискот „Кога си среќен“ може да се купи во книжарниците на „Топер“, „Култура“ и „Просветно Дело“.

 

Дел од проектот може да слушнете тука:


Малата Венди

Пет мали патчиња

 

Најново на форумот

  • No posts to display.