Македонската телевизија се огласи по отстранувањето на спотот на Влатко и Есма од YouTube. Како што пишува Вест, МТВ нема ништо нито со подготовката, ниту со објавувањето ниту пак со отстранувањето на спотот кој требаше да ја претставува Македонија на Евровизија.

„Спотот за кој јавноста до пред неколку часа коментираше дека е промотор на зданијата на проектот Скопје 2014 е отстранет од сите канали на Јутјуб. Шефот на Евровизиската делегација на Македонија, Љупчо Мирковски објаснува дека МРТ како и минатата година, дозволи целосна слобода во креативниот пристап и реализацијата на видео записот за песната којашто годинава ќе ја претставува Македонија на Изборот за Песна на Евровизија 2013 - во Малме, Шведска“, стои во писмото испратено од Шефот на Евровизиската делегација на Македонија.

Како официјална членка на ЕБУ, МРТ смета дека видео записот, комплетно изработен од Егзит Б Продукција, не ги задоволува стандардите и критериумите за достојно представување на Македонија пред евровизискиот аудиториум и се оградува од него, кој поради програмската најава за директниот пренос на 27 февруари, мораше да биде емитуван. МРТ децидно тврди дека : ниту го постирала, ниту го отстранила спорниот видео запис од било која веб страна на Интернет. Како носител на лиценцата за евровизискиот проект, МРТ ги има сите права за корекции и промени на комплетниот национален Евровизиски пакет, се до крајниот термин - 18 ти март 2013-та година , кога тој треба да се предаде на ЕБУ.

МРТ се оградува од сите шпекулации и изнесени невистини во јавноста, за инволвираноста во идејното решение и реализацијата на видео спотот и сериозно размислува, за одпочнување на постапка за заштита на интересите и интегритетот на јавниот радио дифузен сервис“ - стои во соопштението од МТВ.

Најново на форумот

  • No posts to display.