„Тунел“ е новата емисија во продукција на Македонската телевизија која ќе почне да се емитува на програмата во 18:15 часот, во среда на 06 февруари 2013 година. Автор и водител на емисијата е Живкица Каленикова.

Емисијата ќе обработува теми од секојдневниот живот, интересни, вчудовидувачки и запрепастувачки животни приказни, предизвици, подеми и падови предизвикани од човечката немоќ во борба со непредивидливото.

-Во потрагата по нова и интересна содржина и во создавањето на концептот за „Тунел“ многу време посветивме на истражување по другите канали и содржини, баравме што недостига во македонскиот етер и што ново да му понудиме на македонскиот гледач. Забележавме дека обичниот човек и неговата животна приказна никаде ја нема. Затоа наместо приказните за некои фиктивни ликови од сериите, ние во „Тунел“ ќе ги претставиме исто така фантастичните приказни, но на нашите соседи, сограѓани. „Тунел“ е емисија за сите нас, за светлото што нè води низ тунелот на животот - изјави  Живкица Каленикова.

Покрај исповедите на животните патешествија, преку искуство на другите, „Тунел“ ќе се обиде да покаже кон каде треба да се стремиме, каде да ја пронајдеме светлата точка. Во првата емисија ќе гостува семејството Коловски од струшкото село, Мислешево. Приказната на семејството Колоски не води низ нивните страдања и предизвици во текот на четири години додека нивниот син Јован (фото) беше во кома. Ќе биде раскажана нивната животна приказна со тагата, болката и радоста.

- За потребите на „Тунел“ ја истраживме цела Македонија, ги баравме хероите и јунаците на нашите животни приказни и она што го најдовме, приказните што ќе ги споделиме не се споредуваат со ни една серија, филм или фиктивна приказна. Самиот живот е премногу предизвикувачки за да игнорираме дека светлина на крајот од тунелот секогаш постои. Тоа е суштината на „Тунел“, да охрабри и да покаже дека за секого има излез и спас од секоја ситуација- додава таа.

За сите дополнителни информации околу емисија, сугестии, прашања како и пријавување ќе биде отворена фејсбук страна, каде гледачите ќе може да ги споделат своите размислувања.

Најново на форумот

  • No posts to display.