Славната актерска двојка Пенелопе Круз и Хавиер Бардем чекаат второ дете, потврди извор близок на двојката за списанието „US Weekly“. Пенелопе и Хавиер веќе го имаат синoт Леонардо(2).

Круз и Бардем се венчаа во средината на 2010 година и по шест месеци го добија своето прво дете. Двојката се венчаше на имотот од своите пријатели на Карибите во присуство на само неколку роднини.

Тие почнаа да се забавуваат од 2007 година, по снимањето на филмот на Вуди Ален „Вики, Кристина, Барселона“.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.