Германската актерка со турско потекло Меријем Узерли, кај нас позната по улогата на Хурем султан во серијата „Величенствениот“, списанието „GQ“ ја прогласи за жена на годината.

 

Мерием за списанието направи посебна фотосесија и даде интервју во кое искрено зборуваше за тоа со какви проблеми се соочила во Турција на патот кон славата.

Убавата актерка родена е 1983 година во германскиот град Касел, од мајка Германка и татко Турчин. Со актерство се занимава од десет години, а нејзина најпозната улога е токму таа на Хурем султан во познатата турска серија. За потребите на серијата таа го учеше турскиот јазик, кој слабо го зборувала поради животот во Германија.

Најново на форумот

  • No posts to display.