Рускиот милијардер за својата девојка модната икона Наоми Кемпбел, во Москва гради необична куќа, која изгледа како вселенски брод. Топ моделката наскоро ќе има една од најнеобичните куќи во светот, за која многумина велат дека изгледа како вселенски брод кој штотуку слетал.

Надворешниот футуристички изглед на куќата се протега и внатре, а раскошното здание за Наоми го гради Владислав Доронин, кој се надева дека моделката ќе дојде подолго време во Москва за да ужива во подарокот.

Двојката е заедно од 2008 година, а се слушаат озборувања дека по венчавката ќе живеат заедно во куќата. Поради големото богатство и убавиците со кои бил во врска, Доронин е познат како московскиот Доналд Трамп.

Куќата ја дизајнираше Заха Хадид, познат како архитект кој се грижи за еколошката страна во своите градби и ја чува природата. Вилата е со големина од 250 метри квадратни, со спа катче, руска и турска бања, покрај салата за вежбање.

Како секоја вила и оваа има базен, но тој наводно може да се претвори во подиум за танцување, доколку има потреба да се одржуваат забави. Дејли Мејл пренесува дека двете кули на куќата се високи околу 20 метри.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.