Пејачката од Блек Ајд Пис, јавно зборуваше за деталите околу наводната афера на својот сопруг, актерот Џош Дјумел.

Тие беа во брак само девет месеци, кога во медиумите се појавија написи за неговото наводно неверство, кое во 2009 година го имал со Никол Форестер, стриптизерка.

Пејачката призна дека било „тешко“ кога приказната излегла во јавност.

- Кога минувате низ тешки моменти, тоа ве зајакнува како двојка. Барем нас ни беше така. Нашата љубов денес е посилна и подлабока, дефинитивно. Денес сме посилни поради сите потешкотии кои ни се случија. Ги решивме проблемите, комуницираме, а тоа секогаш е најважно - изјави таа.

Според тогашното пишување на медиумите, тој се сретнал со стриптизетката во ноќен клуб во Атланта, а таа му приредила приватен танц во скут. Потоа си ги размениле телефонските броеви, а тој ја повикал во својот хотел, каде наводно ја поминале ноќта.

Ферги и Џош се заедно девет години, а актерот верува дека нивниот однос е нераскинлив.

- Двајцата сме католици и постојат многу работи во кои сме компатибилни. Но кога сè ќе се собере, таа навистина е фантастична девојка – вели тој.