Иако имаше шанси – Ален Марин, Среќко Варгек, Мате Чуљак, Славко Шаиновиќ и Милан Поповиќ - популарната пејачка од Сплит ја бараа за жена, но никој не ја венчаше

 

Кога се дозна дека Северина е во врска со српскиот богаташ Милан Поповиќ, дотогаш непознатиот бизнисмен преку ноќ стана ѕвезда. Медиумите почнаа да се интересираат за него, неговиот приватен живот, поранешни девојки, истражуваа како се збогатил, колку е „тежок“...се пишуваше и дека има две деца. Милан сега е дел од минатото на Северина. Беше петтиот маж во нејзинио живот кој ја побара за жена. Прекинаа, бидејќи наводно биле сосема различни карактери и повеќе не можеле заедно.

 

Прва љубов

Северина беше свршена вкупно пет пати, но ниту еднаш не се омажи. Првиот кој го освои нејзиното срце, беше Ален Марин, пејачот на групата Којоти. Беа заедно во 90тите, а прекинаа без поголеми скандали. Подоцна тој се ожени со театарската актерка Горана Врдољак со која има ќерка.

 

Варгек и Лучиќ

По раскинувањето на врската со Ален, Северина накратко беше во врска со богаташот Милан Лучиќ. Од него доби коњ како подаро, а незаборавен е и порно клипот кој го снимија на неговата јахта. Видеото го здогледа светлото на денот во летото 2004 година, кога таа беше во врска со Среќко Варгек. Беа свршени и Среќко беше полн со поддршка кога домашното видео од Северина ги преплави медиумите. Набрзо, откако дозна дека таа сака да го заштити видеото како авторско дело, се налути и ја остави.

 

Ни помладиот не беше Господин вистински

ПО две години од скандалот со видеото, Северина повторно ја најде среќата во љубовта. Се заљуби во младиот Мато Чуљак. Заедно беа година и пол. И тој секако ја побара за жена и таа рече дека сака да се омажи за него. Прекинаа неколку дена пред нејзиниот 35ти роденден.

 

Сопственикот на теретана го остави за „кралот на бакарот“

Во летото 2008 година, во животот на Северина се појави риечанецот, Славко Шаиновиќ. Се свршија и почнаа заедно да градат трокатна куќа, го испланираа и распоредот на собите. Северина по две и пол години врска го остави поради Милан во кој се заљуби додека му пееше на роденденска забава. Велат дека ја освоил бидејќи од првиот ден кога ја почнале врската и рекол дека сака да има дете со неа.

 

Преземено