Згодниот холивудски актер е првиот маж кој ќе биде заштитно лице на женски парфем и тоа не било кој туку познатиот „Шанел 5“. Секако за тоа ќе добие хонорар во вредност од седум милиони долари.

Меѓу славните дами кои го рекламирале овој познат парфем се Никол Кидман, Ванеса Паради, Одри Тоту и други.

- За легендата за „Шанел 5“ секогаш да биде нова и интересна решивме да ја смениме перспективата на рекламата. Парфемот е симбол на заведување меѓу маж и жена, па логично е да ја претставиме и машката страна на тој чин – вели Андреа Давак, претседателка на секторот за парфеми и шминка „Шанел“.

Пит веќе ја снима рекламната кампања и промотивниот спот, кои се очекуваат да се појават кон крајот на октомври.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.