Обожавателките на Леонардо Ди Каприо ќе можат да го видат гол во новиот филм на Мартин Скорсезе „Волкот од Вол Стрит“. Актерот ќе се соблече пред камерите и ќе има експлицитни секс сцени, меѓу кои и една каде љубов водат четири мажи и две девојки.

Со оглед на тоа дека главниот лик во филмот е Џордан Белфорт зависник од дрога, кокаинот во филмот, исто така, има важна улога. Имено на снимањето актерите „шмркале“ лаксатив за бебе.

Синимањето на филмот почна минатиот викенд.

Ова не е прв филм во кој Леонарди целосно се соблекува. Претходно тој се соблече и во филмот „Патот на револуцијата“ , во кој партнерка му беше Кејт Винслет.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.