Опра Винфри се уште е на првото место на листата од списанието „Форбс“ како најплатена славна личност во светот. Таа го надмина режисерот на „Трансформерс“ Мајкл Беј за пет милиони долари, иако нејзината заработувачка е намалена за 125 милиони долари.

Причина за тоа е завршувањето на снимањето на „Шоуто на Опра Винфри“, кое се емитуваше 25 години. Нејзината телевизија OWN се уште не постигна голем финансиски успех, но, Опра го задржа првото место со заработувачка од 165 милиони долари.

Режисерот Беј се наоѓа на второто место со заработувачка од 160 милиони долари. Неговиот филм „Transformes: Dark of the Moon“ заработи повеќе од милијарда долари во САД и Канада.

Стивен Спилберг, Тејлор Пери и Џорџ Лукас се режисерите кои се наоѓаат меѓу десетте најплатени славни личности во светот.

Музичкиот продуцент Др. Дре е на петто место со заработувачка од 110 милиони долари. Најголемиот дел од заработувачката доаѓа од компанијата Beats by Dr. Dre,  која се занимава со призводство на слушалки.

Годишната листа на „Форбс“ содржи податоци собрани од мај 2011 година до мај 2012 година.