Ќерката на холивудската златна двојка Анџелина Џоли и Бред Пит ќе дебитира со четири години на големото платно во филмот „Maleficent“.

 

Вивиен Џоли-Пит, сестрата близначка на Нокс Џоли-Пит, ќе ја глуми принцезата Аурора во филмска адаптација на бајката „Заспаната убавица“.

- Енџи мислеше дека тоа би било интересно искуство за неа и Вив, која е природен талент за глумење - изјави пријател близок на семејството.

Џоли ќе ја глуми главната улога во филмот со Џуно Темпл, Сема Рајли, Миранда Ричардсон, Имелда Стантон. Ела Фенинг ќе ја глуми како возрасна Аурора, а филмот ги опишува причините кои ја натераа лошата самовила да фрли клетва врз Аурора. Премиерата на филмот е најавена за средината на март 2014 година.