Библијата, што некогаш му припаѓала на Елвис Присли, ќе се најде на аукција идниот месец и се очекува да достигне цена од над 30.000 долари.

Легендарниот пејач книгата ја добил од своите тетин и тетка Вестер и Клетс, на првиот Божиќ во својот нов дом во Грејсленд во 1957 година. На неколку од 1.600-те страници, колку што има книгата, може да се видат белешки напишани лично од Присли.

„Да ја оценувате моќта на човекот според неговата најслаба алка или дело е исто како да ја оценувате моќта на океанот според еден бран“-  стои во една од забелешките.

Библијата со позлатена кожна прекривка за кориците е еден од околу 100-те предмети кои некогаш му припаѓале на Елвис Присли, а ќе се најдат на аукција на 8ми септември.

 

- Повеќето од овие предмети никогаш не се појавиле во јавност, поради што очекуваме да привлечат големо внимание на колекционерите и симпатизерите од целиот свет -изјави аукционерот Пол Фервед.

Колекцијата се продава на барање на колекционер од Велика Британија, а со неа ќе се одбележи 35 годишнината од смртта на Кралот на рокот.

Грејсленд секоја година го посетуваат повеќе од 600.000 лица

Најново на форумот

  • No posts to display.