Откако мајката на Бред Пит отворено ги искажа своите конзервативни политички ставови и го нападна претседателот Обама за поддршката на истополовите бракови и правото на абортус, Анџелина Џоли има намера да ги преземе нештата во свои раце.

Минатата недела американските медиуми ја нападнаа мајката на Бред Пит која гласно ги искажа своите конзервативни ставови и во отворено писмо до локален весник во Мисури го пофали конзервативниот кандидат Мит Ромни, а го нападна американскиот претседател Барак Обама поради поддршката на истополовите бракови и правото абортус.

Бред не ги коментираше ставовите на својата мајка, но медиумите открија дека Анџелина сака да ја подучи свекрвата околу нејзините политички ставови. Списанието “Стар“ тврди дека Анџелина никогаш не била во добри односи со Џен Пит, која наводно сè уште е во контакт со Џенифер Анистон. Енџи наводно сега бара и од Бред да се изјасни.

- Му рекла на Бред дека мора да ја образува мајка си. Но тој е мамин син и нема тоа да го стори. Во тој случај Анџелина ќе ги преземе работите во свои раце и ќе ја подучи Џејн дека како мајка на славна ѕвезда не смее да оди против политичките верувања на својот син – вели близок пријател на двојката.

Изгледа дека приказната на списанието сепак е малку претрана. Иако Бред Пит е либерал кој не го крие тоа, чудно звучи идејата дека мајка му треба да молчи за своите политички ставови. Слободата на медиумите функционира во две насоки, се истакнува во коментарот од страницата Celebitchy.com кој тврди дека Анџелина, која ретко ги искажува своите политички уверувања, впрочем припаѓа на неконзервативците. Џејн и Енџи, најверојатно се искрено блиски, а кога се заедно веројатно зборуваат за внуците и работата, а никако за политиката.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.