Иако верува дека за убавина на својата кожа самите можеме многу да направиме, сепак таа истакнува дека гените се клучниот фактор.

 

Убавата холивудска актерка Хали Бери, даде интервју за списанието „Стилист“ во кое ги открива сите тајни на својата убавина. Многу жени одвај дочекаа да ги дознаат рецептите за убавина од жената која често е прогласувана за една од најубавите на светот.

- Мислам дека за својата убава кожа можам да им се заблагодарам на гените. Мојот татко има прекрасна кожа. Верувам дека постојат нешта кои можеме да ги направиме, за да ни изгледа кожата поубаво, но, вистинскиот квалитет, текстурата и сјајот на кожата зависат исклучиво од гените – тврди Хали.

Таа уште додава дека на убавината влијае и она кое се јаде и пие, а вели дека пушењето и алкохолот најмногу го уништуваат изгледот на кожата. Призна дека редовно оди на спа третмани, бидејќи тоа и помага да се чувствува, но и да изгледа убаво.

Иако нема пороци, Хали вели дека има ужасна навика да си ги грицка усните. Таа додава, дека не знае зошто го прави тоа, но сепак редовно ги грицка усните:

- Поради тоа ми треба влажен сјај или балзам.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.