Хрватската пејачка Новата година ја дочека во друштво со мајка ѝ Ана и синот Александар, а тоа го откри преку социјалната мрежа Инстаграм на која објави две фотографии. На првата со неа позира дете облечено во костим од Спајдермен, со маска која му го прекрива лицето.


„Мајлс Моралес и Жената-мачка ви посакуваат среќна и мирна година, полна со прегратки. П.С Драг Дедо Мраз, и Плејстешн 5“ напиша таа во објавата која за брзо време собра над 70.000 допаѓања.
Со ова, според многумина, Северина успеа да го надитри Општинскиот граѓански суд со чија одлука таа привремено не смее на социјалните мрежи да објавува фотографии од малолетниот син.

На втората фотографија која таа ја објави е заедно со мајка ѝ, на која ѝ го честиташе роденденот:
„Тито и јас. Среќен роденден мамо и нека на сите ни биде старонормална Новата година. Никогаш веќе да не го споменеме името на извесен господин Рихтер“, напиша Северина во објавата на фотографијата на која позираат со мајка ѝ покрај новогодишната елка, облечени во исти карирани кошули и темни панталони.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.