Кралицата Летиција отпатува за Валенсија за да присуствува на доделувањето на престижната награда „"Rei Jaume I". Оваа доделување на награда oд 1989 година им се доделува на научници кои постигнале успех во својата област на истражување.

 

Во моментов има шест различни категории, а на добитниците им се доделува златна медаља и парична награда од 100.000 евра, со обврска дел од тие пари да ги инвестираат во истражувања.

Сосема неочекувано, Летиција пристигна на доделувањето на наградите во многу елегантно издание. Таа носеше комплет од сив фустан и палто со виолетова постава од стара колекција на дизајнерката Каролин Ерера, во кој веќе се има појавено во некокку пригоди.

Фустанот овојпат се покажа малку ‘непослушен’. Имено, кога кралицата излегуваше од автомобилот пред старата готска зграда „La Lonja De La Seda“ каде што се одржа доделувањето, таа не забележа дека фустанот на работ и è наопаку.

Причина за тоа е материјалот од кој е изработен фустанот, поради што превртениот дел остана во таа состојба додека кралицата им позираше на фотографите и ги поздравуваше домаќините.

Набрзо кралицата ја забележа оваа мала модна незгода и го поправи ‘непослушниот’ фустан, кој не ѝ го расипа целокупниот имиџ.

Најново на форумот

  • No posts to display.