Војвотката од Кембриџ, деновиве беше гостинка на предавањето во врска со едно истражување за важноста на првите пет години од животот за развојот на детето, неговото физичко и ментално здравје, но и последиците за самото општество.

Таа во видео конверенцијата објавена на Инстаграм, се појави во едноставно, но елегантно издание со црна маица и бело сако. Ова струкирано сако од модната куќа „Зара“, Кејт до сега го носеше во неколку пригоди и е одлично за во лето, но и за во зима. Таа за прв пат беше видена со него во протоколарна посета на Канада во 2016 година, кога го искомбинира со бела маица и фармерки. 
Модните дизјанери советуваат дека освен со панталони и маица сакото одлично се комбинира и со фустан во било кој дезен.

Најново на форумот

  • No posts to display.